Совладајте ги техниките за одолговлекување на оргазмот

Odolgovleci Orgazam 1

Сигурно веќе ви се има случено повеќе пати да доживеете оргазам пред вашата партнерка и со тоа на еден начин да ја повредите парнерката.

Следниот пат кога ќе имате секс бидете подготвени и испробајте ги следните техники и воедно одоговлекувајте го вашиот оргазам.

Кај машките мора да се знае дека некои пози ги возбудуваат повеќе од други пози па затоа треба да знаете која поза најмалку ќе ве возбуди.

Кога ќе осетите дека сте на само неколку мигови до оргазам!

Положбата која на некои машки им е омилена не мора да значи дека е и положба во која тие ќе имаат проблем со одолговлекување на оргазмот. Најголем проблем со пребрз оргазам создава позата кога партнерката е одозгора и воедно таа ја игра главната улога и го одредува темпото и длабочината на пенетрација.

Доколку во оваа положба сакате да го одолговлечете оргазмот веднаш реагирајте и сменете ја положбата (позата) со што ќе си дадете малку повеќе време за оргазам. Одберете поза во која што вие ќе ја имате главната улога и ќе го одредувате темпото на пенетрирање.

Оргазмот може да се одолговлекува и тоа сигурно!

Најдобра поза за одолговлекување на оргазмот е старата "doggy style" поза во која девојката е потпрена на сите 4, а вие позади нејзе сте клекнати и сами го одредувате темпото на пенетрирање. Секое машко треба да свати дека секогаш оргазмот може да се одложи, а најдобро за тоа е да одморите малку и да го успорите темпото на пенетрирање и по можност веднаш да ја смените положбата. Сфатете дека со подолго одолговлекување на оргазмот вие воедно си давате повеќе самодоверба, но и давате и поголемо задоволство на вашата партнерка.

Исто така и стандардната мисионерка поза прави проблеми за пребрз оргазам. Па затоа кога сте во оваа поза најдобро е пополека да се тргнете од телото на партнерката и да се потпрете на вашите лактици со што би ја намалиле температурата која што се создава од триење на вашите тела.

За крај запомнете дека секоја смена на положба доведува до одолговлекување на оргазмот, но немојте на секои 30 секунди да менувате позиција, бидејќи можете да направите проблем со вашата парнерка, можно е да го прекинете нејзинот оргазам.

 


Претходно во оваа категорија:
Се поголем е бројот на луѓе кои бараат помош преку кли
Некои жени свесно се обидуваат да го променат мажот
Најновото американско истражување докажало дека пос
    Жените не се ни свесни колкава сексуална моќ

Барај

 
Скопје 16 °C
Охрид 14 °C
  22.05.2012 White0

Соновник

Sonovnik



Македонски радија



Пријатели

Time.mk
GrabniPopust 1
Netpress
24fudbal
Ekipa
first
  
last
 
 
start
stop

RSS

DakoSport