
Иако на некои сексот за време на менструација им се гади, сепак за вакво нешто нема потреба. Сексот во вакви услови е подеднакво добар, а понекогаш дури и подобар бидејќи има бројни позитивни дејства.
На пример жените во текот на циклусот многу повеќе посакуваат секс, а во продолжение ви ги пренесуваме и останатите причини зошто треба да практикувате секс во тие денови.
1. За време на менструлниот период жените се возбудени
За поголемиот број на жени важи дека во периодот на менструација, поради зголемена васкуларизација на матката, се возбудени и сексот им е подобар. За време на менструацијата исто така доаѓа до некои хормонски промени во организмот, поради кои поголемиот број од жените имаат зголемена потреба за секс.
Освен ова вагината во тој период е постојано влажна, па затоа пенетрацијата е уште полесна, па мажите уживаат поголемо задоволство.
2. Сексот за време на менструација ја олеснува болката
Непријатните грчеви и напнатоста во стомакот се намалуваат при постигнување на оргазам, кој што ги намалува сите видови на болки. Од друга страна некои жени имаат јаки грчеви и болки па ќе треба да внимавате и да бидете нежни или да почеката болките да поминат.
За жената да се чувствува подобро грчевите може да ги спречи физичката активност односно сексот, кој што ги опушта вагиналните мускули, при оргазмот се ослободуваат хормоните на среќата, ендорфини, кои ја намалуваат болката. Поради интезивното притискање на матката излегува и поголема количина на крв, па понекогаш сексот за време на менструацијата може да ги намали менструалните денови.
3. Сексот во ``оние`` денови ќе ве поврзe
Доколку жената има менструација цела недела, тоа е прилично долг период за паровите кои што се навикнати често да имаат секс.Но зошто за време на менструалниот период да апстинирате? Затоа за време на менстуацијата можете да ги подобрите некои техники или да пробате некои нови работи кои инаку не ги правите или ги занемарувате.
Посебно во периодот кога менструалната крв силно излегува, можете да пробате некои игри. Испробајте го сексот помеѓу гради, вашата избраничка нека проба да научи некои нови техники на рачна и орална стимулација на пенисот. Неколку дена задржете се на бакнежи и допири, а сексот оставете го за деновите кога менструацијата е послаба.
4. За време на менструацијата можноста за зачнување е помало
Сексот за време на менструацијата е помалку ризичен во однос на зачнувањето, што не значи дека не постои ризик. Најголем ризик е за време на овулацијата, тоа е периодот помеѓу две менструации, може да се пресмета така што од првиот ден да се избројат 12- 16 дена.
Повеќето од жените за време на менструација немаат овулација затоа можноста за зачнување е минимална за разлика од останатите периоди на циклусот. Меѓутоа постои можност за зачнување. Не смеете да си играте со тоа особено со жени кои што немаат редовна менструација па не можат точно да ги пресметаат деновите на овулација, пишува Intimate Medicine.
Претходно во оваа категорија:
Се поголем е бројот на луѓе кои бараат помош преку кли
Некои жени свесно се обидуваат да го променат мажот
Најновото американско истражување докажало дека пос
Жените не се ни свесни колкава сексуална моќ