
Кога зборуваме за тоа не мислиме да ви делиме совети за пластична хирургија. Напротив! Дознајте што всушност е потребно за вистинската доза на сексапил.
Носете црвено
Истражувачите од Универзитетот во Рочестер откриле дека жените кои носат црвена долна облека повеќе ги привлекуваат мажите. Но тоа не е се, жените кои носат кратки црвени фустани се исто така многу попривлечни за машкото око.
Гледајте го право во очи
Звучи како клише, но истражувањата покажуваат дека мажите ги привлекуваат жени кои знаат да упатат интензивен поглед. За време на истражувањето во Британија, мажите биле прашани да ја оценат привлечноста на жените по начинот на кој тие ги гледаат. Резултатите покажале дека најдобро поминале насмеани девојки со продорен, но во исто време и суптилен поглед. Следен пат во кафич немојте да глумите недопирливи, туку упатите му на дечкото кој ви се допаѓа не само поглед туку и насмевка.
Одредите го датумот
Го знаете оној еден ден во месецот кога се чуствувате многу сексапилно и женствено? Тоа е познатиот "четиринаести ден". Се прашувате за што зборуваме? Жените се најпривлечни во периодот на овулација. Истражувањата покажале дека жената тогаш произведува состојка која се вика copulins. Всушност тој хормон одговара на нивото на машкиот тестостерон, поради што, баш тогаш сте неодоливи за машкиот пол. Значи календарите во раце и пресметајте кога е вашиот среќен ден.
Зборувајте со вашиот секси глас
Истражувањата од Универзитетот во Њујорк покажале дека мажите многу ги привлекуваат жени со повисока и мазна боја на гласот. Веројатно затоа што им се допаѓа како ќе звучат за време на оргазам. Затоа покажете го вашиот секси глас кој и во обичен разговор ќе го фрли на колена.