
Познати ли ви се оние грозни моменти кога сте блиску до оргазам, а потоа тоа чувство едноставно ќе исчезне? Еве зашто тоа се случува и како да ја поправите ситуацијата...
Кога жената има тешкотии на нејзиниот пат до оргазам, постојат два можни виновника. Еден е од ментална природа: сте го изгубиле фокусот. Другиот може да биде физички - партнерот одеднаш ја менува позата и ритамот. Чувството воопшто не е забавно, но треба да знаете дека оваа појава е сосема нормална и дека им се случува на поголемиот број на жени. За среќа, ова е проблем кој што има решение. Затоа кога нареден пат ќе ја промашите патеката која води до оргазам, со помош на овие совети за кратко време ќе се вратите на вистинскиот пат.
Не размислувајте за ништо
Жените се многу склони кон губење на концентрацијата во текот на чинот отколку мажите, пред се поради ситници - ``Кога ги сменив чаршафиве?``,``Дали изгледам дебело од овој агол?``. Ваквите мисли можат да го исфрлат вашето тело од курс. Прво правило за однесување е да се погрижите за сите овие работи предходно. Исклучете го мобилниот телефон, пуштите музика која ќе го прикрие шкрипењето на креветот, или набавете розева сијалица за вашата соба ( тие емитуваат фантастичен сјај кој ги прикрива потенцијалните несовршености на кожата).