
Вистината е дека сексуалниот однос без кондом е најпосакуван. Сите мажи поради овој факт барем еднаш во животот ги убедувале своите партнерки понекогаш да ``заборават`` на заштитата. Меѓутоа дали сето ова е доволна причина?
Доколку вашата девојка или жена одбива да води љубов со вас без презерватив, нема причина да и се љутите. Доколку сексот без заштита го сметате за правилно водење на љубов, безбедноста е на прво место.
Мислите дека можете да се сопрете на време?
Прекинувањето на ејакулацијата не е вистинскиот начин за контрацепција, бидејќи во предсемената течност која служи како лубрикант се наоѓаат доволен број на сперматозоиди за оплодување.Исто така, некогаш на пенисот и во предсемената течност можат да се најдат сперматозоиди преостанати од предходната ејакулација.
Вистинскиот проблем е што мажите не го чувствуваат испуштањето на оваа течност, па сметаат дека со одложувањето на ејакулацијата го спречиле зачнувањето.
Поради ова е многу важно да носите презервативи, особено доколку вашата партнерка не користи хормонска контрацепција.
Претходно во оваа категорија:
Се поголем е бројот на луѓе кои бараат помош преку кли
Некои жени свесно се обидуваат да го променат мажот
Најновото американско истражување докажало дека пос
Жените не се ни свесни колкава сексуална моќ