Дали сакате ванила секс!?

Vanila

Но, што е ванила секс? Ако помисливте дека се работи за секс со употреба на шлаг пена со вкус на ванила, се излажавте. Терминот ванила во сексуална конотација означува сексуални односи кои се најконвенционални и социјално прифатливи по својата форма. Во основа се работи за гушкање, бакнување, создавање на емоционална врска и се разбира, мисионерската поза.

Vanila1

Ванила сексот е можеби и најпопуларната форма на сексуален однос, најмногу можеби и заради тоа што совршено се совпаѓа со социјално прифатливите сексуални практики. Едноставно, така треба да биде. Иако во психопатолошката дефиниција за сексот, дозволени се сите практики што две возрасни единки при чиста свест се сложуваат да ги прават, сепак, многу луѓе сметаат дека ванила сексот е единствен тип на „нормален" секс а се друго е патологија. Притоа кај многумина знае да се појави и она незгодно чувство на вина или валканост ако не се вклопувате во „ванила" идејата.

Vanila2

Но, од друга страна, со пенетрација на сексуалните слободи на денешното време и атакот на порнографијата, некои луѓе го имаат пак спротивното чувство на вина, дека ако сакаат ванила секс, не се доволно сексуални и возбудливи. Ако целите да бидете лошо момче или лоша девојка на пример, тогаш ванила поимот сигурно ќе ви дојде како нешто во негативна конотација.

Vanila3

Ајде да бидеме попрецизни околу тоа што е ванила сексот, односно што сакаат оние кои им е омилен. Сакаат чисто тело и чиста долна облека. Не сакаат да бидат валкани во ниедна форма за време на сексот. Избегнуваат употреба на сексуални мириси, сексуални помагала и играчки, перверзни фантазии и игри, плескање, удирање или пак пирсинг. Се разбира, за различни култури и самата дефиниција на ванила сексот е во нијанса различна.

Vanila4

Зошто баш ванила? Така слатко име. Според едни, тоа е заради екстрактот на ванила кој е најпознат како подлога за вкусот на највообичаениот сладолед. Други пак го сметаат како секс на белата раса, кои наводно се – помалку авантуристички настроени, помалку перверзни, промискуитетни, не се толку храбри во експериментирање и не ги познаваат доволно сексуалните практики на другите култури и раси. Но, за второво одамна си постои називот бамби секс.

Vanila5

Ванила сексот за многумина е синоним за водење љубов. Се што е поинакво е можеби валкано, недозволено и тоа е само имање секс или животински израз на нагонот, а не и водење љубов во вистинска смисла на зборот. Впрочем, и кога на холивудските филмови се сака да ни се прикаже некоја романтична љубов преку сексуални сцени, се одбира ванила секс.

Vanila6

Треба да се има на ум дека ванила сексот дефинитивно не е нешто кое буквално секој го сака, напротив. Во денешно време сексуалноста добива на диверзитет и слобода, па многу работи кои во минатото биле недозволени и се третирани како девијантни денес сосема слободно се практикуваат. За многумина ванила сексот е едноставно здодевен, па сакаат да пробаат нешто друго.

Vanila7

Но, каде е границата помеѓу нешто поинакво и самиот секс. Дали на пример, садомазо игрите се сексуални игри или се работи за нешто друго? Воајеризмот и егзибиционизмот? Сексот со сексуални играчки? Уринирањето врз партнер? Групен секс?

Vanila8

Во зависност од личните сексуални искуства некои луѓе едноставно и никогаш не ги научиле основите на ванила сексот, па затоа и го гледаат со потценување и зборуваат со погрдни зборови за него. Оние кои го обожуваат знаат дека може да биде исклучително страсен и експлозивен, и најмалку од се здодевен. Ванила сексот во овој контекст всушност значи секс ослободен од сите пропратни (можеби непотребни) работи. Дури и оние на кои не им е омилен, одвреме навреме сакаат да се навраќаат на стариот добар – ванила секс.

Извор: PSIHA.COM


Претходно во оваа категорија:
Се поголем е бројот на луѓе кои бараат помош преку кли
Некои жени свесно се обидуваат да го променат мажот
Најновото американско истражување докажало дека пос
    Жените не се ни свесни колкава сексуална моќ

Барај

 
Скопје 16 °C
Охрид 14 °C
  22.05.2012 White0

Соновник

Sonovnik



Македонски радија



Пријатели

Time.mk
GrabniPopust 1
Netpress
24fudbal
Ekipa
first
  
last
 
 
start
stop

RSS

DakoSport