Пет лаги кои сите жени им ги кажуваат на мажите

Zenilaga

 Има ситуации во кои жените нема да ви ја кажат целата вистина, бидејќи мислат дека така е подобро. Наместо да се трудите да го поправите ваквото однесување, научете како да се прилагодите на вистинскиот начин.

За да бидете задоволна вашата партнерка а истовремено вие да го сочувате разумот, подобро е да препознаете што се случува и да бидете опуштени во врска со тоа. Еве пет лаги кои што жените ќе ги кажат и како да излезете на крај со нив.
 
 ``Кажи ми го твоето искрено мислење за ...``
 
Што всушност сака да ви каже : ``Кажи ми го тоа што сакам да го слушнам``

Што да правите: Кога жена ќе ве праша ``Дали ова добро ми стои?`` или ``Дали изгледам дебело во ова?``, не е важно дали го вметнала  и ``кажи ми искрено``,или ``озбилно те прашувам``, вие треба да  знаете дека таа сака да слушне :  подобро изгледаш од неа, не изгледаш дебело во тој фустан, твојата мајка не е досадна... и ќе бидете вистинско злато.
 
``Добро сум. Навистина.``
 
Што всушност сака да ви каже : ``Никогаш  не ми било полошо.``
 
Што да правите: Најлошата работа која што можете да ја направите во ваква ситуација е да кажете : ``добро`` и со тоа да го завршите разговорот. Наместо ова, треба навистина да покажете дека сте загрижени, додека не биде навистина спремна да ви каже што не е во ред.  Сакате екстра поени? Кажете и дека ќе останете со неа се додека не се осигурите дека е се во ред.
 
 
 ``Имам спиено со толку и толку мажи``
 
Што всушност сака да ви каже : ``Имам спиено со малку повеќе од толку и толку 
мажи``
 
Што да правите: Ако навистина сакате да ја дознаете вистината ќе мора малку да се 
потрудите. Треба да ја уверите дека вашето мислење за неа не зависи од нејзината 
сексуална историја, и дека во вашите очи таа е сеуште невина. Секако, морате вашите зборови да ги поддржите со џентлменски дела, да покажете дека вашиот интерес за неа не е поврзан само со сексот.
 
``Беше прекрасно, доживеав оргазам``
 
Што всушност сака да ви каже : ``Беше добро, но не доживеав оргазам и најверојатно и нема да доживеам со тебе. Сега сум уморна и сакам да се гушнеме.``
 
Што да правите : Не го сфаќајте ова лично ( освен доколку редовно се случува, во 
ваков случај трега да пробате некои нови стратегии во кревет). Понекогаш оргазмот 
едноставно не им се случува на жените, а тоа не мора да значи дека сексот не е добар.
 
``Слободно излези со другарите``
 
Што всушност сака да каже: ``Повеќе би сакала да останеш со мене``

Што да правите: Не дека таа сака да престанете да се дружите со вашите другари или да имате свој живот. Само сака вие убаво да се вклопите во нејзиниот живот. Излегувајте со нејзиното друштво или доколку сте излегле посебно договорете се да се сретнете некаде.
 
 
 
 

Претходно во оваа категорија:
Се поголем е бројот на луѓе кои бараат помош преку кли
Некои жени свесно се обидуваат да го променат мажот
Најновото американско истражување докажало дека пос
    Жените не се ни свесни колкава сексуална моќ

Барај

 
Скопје 16 °C
Охрид 14 °C
  22.05.2012 White0

Соновник

Sonovnik



Македонски радија



Пријатели

Time.mk
GrabniPopust 1
Netpress
24fudbal
Ekipa
first
  
last
 
 
start
stop

RSS

DakoSport