
Во новите врски секогаш е дискутабилен вистинскиот момент за сексот. Дамите најчесто прашуваат "Дали е премногу рано после два дена? и Дали врз основа на тоа, тој ќе мисли дека сум "лесна"?". Кога ќе се реши оваа дилема следува "Дали ова е флерт или може да се претвори во нешто сериозно". Доколку се двоумите за дали да имате сексуален однос со новиот партнер, еве што советува Дивин Калолајн.
Мора да знаете што сакате
Сакате секс или љубов за цел живот? Важно е сами со себе да се договорите за тоа што сакате во моментот. Што и да одлучите, пред да спиете со него, отворено кажете му ги своите намери. Кога ќе откриете дека и двајцата имате иста цел, пуштете работите да си течат со својот редослед.
Носете одлуки без консумација на алкохол
Не е паметно премногу да испиете бидејќи нема да бидете шармантни, ниту специјалисти за забава и со раката ќе ја потпирата главата која паѓа. Алкохолот е стимуланс и немојте премногу да му се препуштите. Една чаша сигурно нема да ви наштети, но внимавајте на своите граници и не претерувајте. Во тој случај не носете одлуки.
Што мислите за него?
Ако се работи за маж кој е привлечен и згоден, а не гледате дека од тоа може да биде нешто повеќе, добро размислете дали да спиете со него. Ако барате брачен партнер, а тој е само за флерт, сексот може да ги влоши работите - жените често се вљубуваат во мажите со кои спијат. Затоа подобро продолжете со потрагата.
Дали ќе бидете среќни?
На различните дилеми може да ви помогне едно прашање: "Дали ќе бидам среќна?". Ако неможете да донесете одлука за дали да имате секс со него, тогаш искрено одговорете за тоа како ќе се чувствувате после сексот и дали ќе бидете среќни ако тоа го направите.