Откриени вистинските причини зошто изневеруваме

Pricini Varanje

Читајќи списанија, гледајќи телевизија и разговарајќи со пријателите и луѓето кои ги познаваме, доаѓаме до едно често прашање: Зошто мажите изневеруваат? Но со оглед на тоа што и жените исто толку не се верни како и припадниците на посилниот пол, несмееме да бидеме нереални, туку мора да прифатиме дека изневерувањето е двострано.
Неверството е бегање од проблемите и животните одлуки кои никогаш не завршуваат како што сме планирале. Но зошто изневеруваме? Ви претставуваме две најголеми причини поради кои изневеруваме.

Животна кривина и прчки

Главно прашање за кое секој пар би започнал сериозна врска и би одлучил да го дели својот простор со партнерот е како се справуваме со нагорнините и падовите во животот, со разочарувањата и очекувањата кои ни ги носи животот. Почетоците на врската секогаш се совршени, а заљубеноста помага при совладување или подобро кажано, заобиколување на сите пречки.

Но што кога ќе дојде оној период во животот во кој се не е розево и кога ќе согледате вие и партнерот поминувате низ турбулентни времиња? Дали сте подготвени да ја жртвувате својата среќа за да му бидете подршка на партнерот? Тоа се прашања на кои мора да одоворите кога ќе започнат проблеми. Ако не сте, бидете уверени дека на вашата врска ќе и дојде крајот односно среќата свесно или потсвесно ќе ја барате во некоја друга, физичка или на око подобра врска без проблеми и грижи.

Долгорочни очекувања

Долгорочните очекувања во врската се клуч за квалитетен однос со партнерот. Но очекувањата во 20-тите години не се исти како и оние во 30-тите или 40-тите, што значи дека луѓето се менуваат, развиваат и напредуваат, а тоа кај партнерите немора да биде истовремено. За да дознаете во која фаза сте со вашиот партнер, преиспитајте се себе си и вашите желби во иднина, а потоа разговарајте со партнерот и соредете ги желбите и плановите.

Проблемите настануваат поради недостаток на комуникација и претпоставки кои немора секогаш да бидат точни, поради што најчесто доаѓа до разочарување и бегство во замислен свет кој може да ви го овозможи некоја друга личност. Најважна работа која треба да ја направите е на глас да му каќете на својот партнер што очекувате и тој да ви каже што очекува од вас. Во спротивно се наоѓате во мрак и создавате негативна енергија која со тек на време може да прерасне во нешто многу полошо.


Претходно во оваа категорија:
Се поголем е бројот на луѓе кои бараат помош преку кли
Некои жени свесно се обидуваат да го променат мажот
Најновото американско истражување докажало дека пос
    Жените не се ни свесни колкава сексуална моќ

Барај

 
Скопје 16 °C
Охрид 14 °C
  22.05.2012 White0

Соновник

Sonovnik



Македонски радија



Пријатели

Time.mk
GrabniPopust 1
Netpress
24fudbal
Ekipa
first
  
last
 
 
start
stop

RSS

DakoSport