
ПОВРЕМЕНО ОТСУСТВО НА МЕНСТРУАЦИЈА
Доколку не сте добиле менструација, тоа значи само дека не сте имале
овулација тој месец.
Најчесто тоа се случува поради стрес, кој може да предизвика испуштање на хормони во организмот кои што влијаат на овулацијата. Но доколку немате менструација подолг временски период, одете на преглед. Полицистичните јајници или пореметувањето на работата на штитната жлезда исто така може да влијаат врз овулацијата.
ДИЈАРЕА
Ова е потполно вообичаено. Виновникот за предменструална дијареа е простагландин, хемикалија која се испушта во телото во текот на менструалниот период. Тој предизвикува контракции на ѕидовите на матката, но и на вашите црева. Но има решение за овој проблем: напијте се едно или две апчиња ибупрофен ден или два пред менструацијата.
БЛАГО КРВАРЕЊЕ ПОМЕЃУ ЦИКЛУСИТЕ
Обрнете внимание на ваквото крварење, пратет кога се случува и колку трае. Понекогаш е нормално малку да крварите помеѓу две менструации и доколку тоа трае од прилика еден ден. Причината за ова е прераната овулација. Но, доколку добивате менструација два пати месечно и со јаки грчеви, можеби имате цисти на јајниците. Веднаш одете на лекар.
Цистите често сами поминуваат, но во некои случаеви потребни се лекови или операција. Нешто поретка причина за ваквото крварење можат да бидат и полипите во самата матка или пак на грлото од матката, но и ранички на грлото на матката.
АБНОРМАЛНА ЈАКА МЕНСТРУАЦИЈА
Доколку еднаш или двапати годишно имате ваква менструација, тоа нека не ве чуди. Но доколку ова се случува неколку месеци по ред, тоа може да биде знак за ендометриоза, миом или цисти. Сите три можат да предизвикаат неплодност доколку не се лекуваат на време, па затоа веднаш посетете лекар. Тој ќе ве упати на ултра звук и анализа на крвта. Пилулите за контрацепција можат малку да ги олеснат симптомите но понекогаш е потребна операција.
Претходно во оваа категорија:
Понекогаш правиме работи заради кои се чувствуваме н
Резултатите од спроведеното истражување во Холандиј
Постои изрека која вели дека не е паметно да заспиваш
Мислевте дека чоколадото, чипсот и газираните пијало