
Бројот на смртните случаи од хепатитот С во последните години забрзано се зголемува, а најмногу поради фактот дека луѓето не ни знаате дека се болни.
Повеќе Американците умираат од хепатит С отколку од HIV, покажуваат статистичките податоци од 1997 до 2007 година.
Околу 3,2 милиони Американци се инфицирани со хепатит С, кој предизвикува рак и цироза на црниот дроб а дури половина од луѓето не ни знаат дека се заразени.
Хепатитот С се шири преку крвта, инјекциите кои се користат за дрога се најчесто средство преку кое се пренесува хепатитот, прекуи сомнителните трансфузии на крв како и преку незаштитени сексуални односи. Во некои случаи болеста преминува од мајката на детето.
Неопходно е да се подигне свеста за оваа болест и да се советуваат луѓето да се прегледаат, особено доколку се наоѓале во ризични ситуации.
За хепатит В постои вакцина но за С сеуште не е пронајдена. Доколку трендот на смртност од оваа болест продолжи со исто темпо, за 20 години ќе има 35 000 смртни случаи годишно во САД.
``Тоа што моментално можеме да го направиме се рутинските прегледи``- вели др.Јуџи Шиф.
Моменталниот третман за болеста подразбира коктел од лекови, вклучително и антивирал и интерферон, кои што многу луѓе тешко ги поднесуваат.
За две години ќе биде достапен третман без интерферон, што значи и помалку несакани ефекти и пациентите полесно ќе ја поднесуваат терапијата.
Претходно во оваа категорија:
Понекогаш правиме работи заради кои се чувствуваме н
Резултатите од спроведеното истражување во Холандиј
Постои изрека која вели дека не е паметно да заспиваш
Мислевте дека чоколадото, чипсот и газираните пијало