
Со помош на петте вродени сетила на човекот, можеме брзо и лесно да дојдеме до енергија, покажуваат неколку истражувања.
Повеќето луѓе зимата ја поминуваат во затворени простории во кои поради затоплувањето нема доволно кислород. Воедно, деновите во зимата се пократки и облачни, па луѓето малку се изложени на светлина. Поради сето тоа, но и поради многу други причини, имаме проблем со недостаток на енергија и чувство на замор.
Ви претставуваме пет природни начини кои докажано ја враќаат енергијата за многу кратко време.
Звук
Неодамна едно истражување открило дека слушањето музика по еден саат на ден го намалува заморот. Воедно, музиката ги зајакнува и обновива клетките кои придонесуваат за зголемување на енергијата во организмот. Внимавајте, музиката мора да ви одговара, односно слушајте го тоа што ве прави да се чувствувате весели. Друг начин е да го слушнете гласот на саканата личност. Ако не сте блиску јавете и се на телефон. Гласот на блиските личности, како што покажува истражување, во мозокот поттикнува отпуштање окситоцин кој помага во будење на чувството за блискост. Тоа брзо и ефикасно го намалува стресот и ја враќа енергијата.
Допир
Најефикасен е човековиот допир, но ако во близина нема никој, пронајдете некој мек предмет кој е погоден за допирање. Всушност едно истражување покажало дека допирањето пријатни предмети како што е мека перница и некој човек доведува до смирување и го доведува телото во рамнотежа.
Поглед
Жолтата боја го поврзува човекот со здравјето, а позитивни асоцијации изразуваат и портокаловата и виолетовата боја. Ќе биде добро тие бои да најдат место во вашиот дом. Освен бојата, како што покажуваат истражувањата, енергијата ја враќа и погледот на слика која ви буди емоции. На пример фотографија од минатото летовање или фодографија каде што сте сликани со драги луѓе.
Мирис
Кога луѓето се изложени на мирисот на портокал или ментол, се чувствуваат удобност, покажало истражувањето од Харвард. Покрај мирисот на портокал и ментол, енергијата ја обновуваат и мирисот на цимет и лимон. Експертите тврдат дека тоа се мириси кои го подобруваат расположението.
Вкус
Комбинација на различни вкусови и арома може да го подигне нивото на енергија за минута. Докажано е дека таквите вкусови ги активираат нервите во устата и грлото кои потоа ја активираат мозочната активност. Резултатот е чувство на будност и одмор. Тука може да ви помогне се што има освежувачки вкус.