
Авторите на истражувањето, во кое учествувале 16,000 личности, др. Dian Griesel и Tom Griesel од клиниката Mayo, тврдат дека големиот стомак негативно влијае на здравјето исто како и пушењето по една кутија цигари на ден или како и високиот холестерол.
Тоа се однесува и на личностите кои немаат вишок килограми, а имаат изразено сало на стомакот. Мастите кои ги гледаме не се толку опасни како масните наслаги кои ги окружуваат внатрешните органи, а тие прават стомакот да изгледа многу голем.
Едноставно измерете ја својата половина со метро, без оглед на тежината и висината. Се што е поголемо од 84 см кај жените и 94 см кај мажите е премногу и носи високи здравствени ризици.